Намалете 2 килограми за една недела со помош на зелен чај

Доколку сакате брзо и едноставно да го стопите вишокот килограми и да се подготвите за пролетта, можеби оваа диета е вистинскиот избор за вас.
Диетата од зелен чај со млеко е нова идеја, која навистина дава посакувани резултати, а најмногу им се препорачува на оние кои што сакаат да се решат од вишокот на вода во организмот.

Оваа диета се практикува само еден ден, а најмногу два пати во текот на месецот.

Со помош на чајната диета можете во текот на еден ден да загубите меѓу половина и два килограми.

Доколку имате најмал проблем со здравјето, консултирајте се со лекар, во врска со оваа диета.

Состојки:

1,5 л. млеко (безмаслено)

2 лажички листови зелен чај

Подготовка:

Сварете го млекото и оладете го на 70 степени, па потоа додадете листови зелен чај.

Затворете го и оставете 20 минути, после што ќе го исцедите млекото и ќе пиете во текот на денот, на секои два часа по една шолја.

Во меѓувреме можете да конзумирате само обична вода.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk