Намалување на апетитот кај децата

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Силвана

По првата година, нормално е апетитот на детето да се намали. На родителите може да им се причини дека детето не јаде доволно и дека никогаш не е гладно, или не сака друг да го храни.

Но се додека е активно и нормално напредува, падот на апетитот е природен.

Многу родители ги форсираат децата да јадат затоа што стравуваат дека послабиот апетит ќе доведе до неухранетост и лошо здравје.

Но, тоа е погрешно, бидејќи инсистирање на јадење доведува до намалување на апетитот.

Роидтелите мислат дека детето не јаде доволно доколку јаде помалку од своите врсници или поситно е од нив.

Но, во најголем дел од случаите тоа е нормално, се додека детето напредува во висина и тежина.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…