Направете палачинки од спанаќ

Потребни состојки:

За палачинки:

200г брашно

1/2 лажичка сол

малку шеќер, бибер

3 јајца

250мл павлака (незасладена)

200-300мл пиво

150гр. спанаќ

За фил:

200гр. крем сирење

150гр. фета

малку бибер

околу 150гр. шунка

50гр. кашкавал

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, солта, шеќерот и биберот. Посебно изматете ги јајцата и павлаката, па додадете ги во брашното. Внимателно додадете го пивото и промешајте. Оставете ја смесата да отстои околу 30 минути.

Во меѓувреме, ставете го спанаќот во огноотпорен сад, покријте го и ставете го во микробранова околу 1 минута. Ако не користите микробранова, кратко обарете го спанаќот во врела вода. Добро процедете и ситно исецкајте го. Додадете го спанаќот во смесата за палачинки. Ако смесата е премногу густа додадете уште малку пиво. Испржете ги палачинките.

За филот, измешајте ги крем сирењето, ситни парчиња фета сирење и додадете бибер. Премачкајте ја секоја палачинка со фил и врз него ставете две парчиња шунка. Замотајте ги и наредете ги во тепсија. Изрендајте кашкавал врз нив и кратко потпечете ги во рерна колку да се растопи кашкавалот. Послужете додека се топли!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk