Направете превкусен домашен путер од јаткасти плодови

Следејќи ги постапките во овој едноставен рецепт ќе можете да подготвите домашен путер од јаткасти плодови во чиј вкус веруваме дека и најмалите членови на семејството ќе уживаат.
Потребни ви се само јаткасти плодови по избор и неколку лажици масло.

За оваа намена можете да изберете бадеми, индиски оревчиња, ореви, лешници или кикирики.
Идеално масло е маслото кое е направено од истиот јаткаст плод што ќе го употребите ( пр. бадеми во комбинација со бадемово масло ) но доколку не постои такво сончогледовото или маслиновото масло се совршена замена.

Блендирајте ги јаткастите плодови доволно долго додека не пуштат малку масло. Додадете неколку лажици масло и добро промешајте.

Домашниот путер е готов!

Освен што ќе уживате во неговиот прекрасен вкус ќе се заштитите себе и членовите на семејството од алергии и астма.

Домашниот путер чувајте го во ладилник.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk