Направете сами ефикасни капки за нос со пантенол

Ако ви е носот запушен или ви тече секрет кој што наликува на бистра водичка, наместо да купите капки за нос од аптека чие што дејство најчесто е краткотрајно, направете домашни капки за нос кој што се навистина делотворни и можете да ги користие повеќе пати во текот на денот.

За нивната подготовка ќе ви бидат потребни физиолошки раствор и морска крупна сол. Во едно шишенце сипете два полни шприца (10мл) физиолошки раствор и ставете половина кафена лажичка сол. Оставете ја солта да се растопи во целост и растворот за отпушување на затнат нос е готов.

Уште поголема ефикасност ќе добиете ако во растворот сипете барем две до три капки пантенол раствор. Тој делува навистина пријатно врз слузокожата во носната шуплина, штитејќи ја од надразнување и елеминирајќи го чувството на печење.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk