Направете сами лековита маст од прополис против воспалено грло

 

Доколку вашето дете често страда од болно грло тогаш обидете се да ја направите оваа делотворна маст која многу лесно се подготвува. За нејзината подготовка же треба да одвоите само дваесетина минутии.Потребни ви се само две состојки-50 грама прополис и 50 грама сончогледово масло.
Најдобро е доколку сте во можност прополисот да го набавите од проверени пчелари кои гарантираат за неговиот квалитет, но доколку не сте во можност прополис можете да набавите и во аптеките. Бојата на прополисот може да варира од светла до темно кафена.

Во сад на пареа ставете го сончогледовото масло а потоа додадете го и прополисот и почекајте да се омекне на тивок оган. Процедете го во тегличка и оставете го да се олади. Со ладењето тој ќе почне да се стврднува. Така приготвената маст мачкајте ја на градите и грлото на детето барем два пати дневно.

Доколку болното грло е пропратено со кашлица тогаш може да му дадете на детето 1/4 лажичка од маста дневно да ја проголта или пак доколку одбива да го стори тоа растопете ја во топло млеко и дај те му го на детето да го испие.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk