Народен лек против настинка

Иако Бразил сите нас не асоцира на егзотичност, сонце и задоволство, сепак реалноста таму е малку поинаква.

Бразил е претежно тропска земја позната по своите големи амазонски низини. Има влажна тропска и суптропска клима, освен во сувите подрачја на североисток. Во текот на годината има обемни дождови, па така, настинките и гриповите не се непознатица за бразилскиот народ.

Еден од традиционалните народни лекови со кои ги лекуваат ваквите настинки е следниот:

Потребни состојки:

½ јаболко (рендано)

½ главица кромид (рендан)

1 лажица мед

Состојките се мешаат и се јадат. Комбинацијата е интересна а состојките одлично се надополнуваат една со друга. Овој лек е ефикасен и како превенција од многу други болести поврзани со крвотокот и белите дробови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk