Нарцисоидноста кај децата е поврзана со т.н хеликоптер родителство

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Најновите американски истражувања покажуваат дека нарцисоидноста се зголемува не само меѓу тинејџерите туку и меѓу постарите студенти.

Разбирливо е што секој родител сака на детето да му ја развие самодовербата и истражувањата покажуваат дека денешните деца имаат посилна самодоверба од претходните генерации.

Но, иако високото ниво на самодоверба е добра работа, некои стручњаци велат дека родителите на тој начин воспитуваат себични деца.

Често се случува силната родителска желба на детето да му се обезбеди се најдобро, да премине во родителска опсесија и претерано бдеење над детето, што е негативно и се нарекува хеликоптер родителство.Имено родителите над децата кружат како хеликоптери.

Децата со такви родители тежнеат кон престижен живот, но без сопствено вложување. Знаат дека не треба да се трудат премногу, бидејќи се навикнале родителите да решаваат наместо нив. Затоа лесно отстапуваат од своите животни предизвици и растат во несигурни личности.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…