Научете ги децата како да реагираат во опасни ситуации

Тестирајте ги децата со овие 10 прашања на кои секогаш мора да го знаат одговорот.

Што да направиш ако си сам дома, а некој се обиде да влезе?

Веднаш треба да ги извести родителите и да се обрати на бројот 192.

Ќе земеш ли бонбона од странец?

Земање на храна, пијалоци или играчки од непознати е строго забрането. Објаснете му на детето дека не се сите луѓе со добри намери.

Што ако почне нешто да чури

Веднаш треба да ја напушти просторијата, помош да побара од комшиите и да се јави на Противпожарна служба.

Непознато лице бара услуга

Ано некој на улица побара помош од детето, треба да го научите кратко и јасно да му каже дека нема да му помогне. После тоа веднаш треба да се оддалечи од него.

Ако го опкружат кучиња

На почеток треба да се остане смирен и сталожен, без нагли потези. Не се препорачува гледање на кучето директно во очи. Вниманието треба да им се отргне со фрлање на некој предмет што им е при рака.

Ако се почувствува мирис на плин дома

Веднаш да побара помош кај комшиите, па кај родителите и на крај во Противпожарна служба.

Ако помисли дека некој го следи

Единствена правилна одлука е да се влезе во продавница, кафич, салон или на кое било друго место каде што има поголем број на луѓе.А потоа да се известат родителите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk