Научете како се прави сок од тиква и уживајте во неодоливиот вкус

Доколку досега не сте го пробале овој напиток, не губете време, постапката заа неговата подготовка и не е толку комплицирана како што ви изгледа.

Потребни ви се следниве состојки:

1,5 килограм исчистена тиква
3 литри вода
1 килограм шеќер
1 шишенце екстракт со вкус на кајсија

Начин на подготовка:

Тиквата исецкајте ја на ситни парчиња, ставете ја во длабок лонец и варете ја во 3 литри додека не омекне. Варената тиква посипете ја со шеќерот. Изблендирајте. Оставете го пирето од тиква целосно да се олади, повремено мешајќи го додека не се стопи шеќерот во целост. Откако ќе се олади ставете го екстрактот од кајсија и пресипете го сокот во стаклени шишиња. Чувајте го во ладилник.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk