Научниците велат: Трпеливите луѓе поспоро стареат

Изреката “трпение спасение” по се изгледа е навистина точна!
Истражувањата откиле дека генетскиот материјал на нестрпливите луѓе многу побрзо старее од генетскиот материјал на трпеливите луѓе. Посебно се загрозени жените на кои трпението не им е јака страна.

Научниците сеуште не се сигурни како трпението го забавува процесот на стареењето но се претпоставува дека станува збор за отсуство на стресот кој има способност да ја оштети ДНК, односно поради фактот што нетрпеливите луѓе се по природа импулсивни, што придонесува да одберат понездрав начин на живот обременет со стресови.

Последиците од оваа појава, според истражувањето, се повоочливи кај жените отколку кај мажите. Оваа зачестеност кај жените се препишува на хормонските разлики.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk