Начинот на исхрана влијае врз зачестеноста на вагиналните инфекции

Според статистичките податоци  од вагинитис заболува најмалку десет проценти од женската популација  барем еднаш годишно.

Доколку вагинитисот постојано се повторува тоа е знак дека е потребно да се промени начинот на исхрана, особено доколку имате дијагностицирано габична вагинална инфекција.

Пред се од исхраната треба да се исфрлат оние намирници кои содржат шеќер, вклучувајќи ги тука и газираните напитоци, кечапот, соковите, индустриски преработената храна, белото брашно, месните преработки и конзервираната храна.

Исхраната треба да се заснова на свежо овошје и зеленчук, со честа употреба на лимон, интегрални житарици (просо, хељда) Препорачливо е маслото за јадење да биде ладно цедено.

Исто така, пожелно е во исхраната почесто да бидат застапени јаткастите плодови и медот.

За жените кои што страдаат од чести вагинални инфекции препорачлива е алкалната диета.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk