Најголемиот број на породувања започнуваат навечер

Статистиката вели дека најголем број од породувањата започнуваат навечер. 

Од друга страна, медицината дава логичен одговор зошто тоа се случува така.

Многу досега спроведени истражувања покажале дека најголемиот број породувања започнуваат во текот на вечерните часови.

Прскањето на воденикот и првите контракци, според научниците, најчесто се случуваат во просек помеѓу полноќ и четири часот наутро.

Објаснувањето за овој феномен е дека во текот на ноќните часови, кога трудниците се релаксирани и мирни, нивото на хормоните окситоцин и естриол е најголемо, а токму овие хормони ги предизвикуваат контракциите на матката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk