Најдобрите чаеви против стрес

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Весна

Стресните ситуации се неизбежни, а може да предизвикаат и голем број на здравствени проблеми.

Многу од нас немаат време или едноставно не пронашле адекватен начин за ослободување од стресот. Можеби не ви изгледа така, но исхраната и те како може да ви помогне. Ви откриваме кои 3 чаја ќе ви помогнат да го победите стресот.

Ѓумбир – Најчесто се користи како зачин, но овој вреден корен е одличен за борба против стрес. Чајот од ѓумбир ги смирува телото и умот, но делува и детоксикациски.

Камилица – Чајот од камилица ќе ви помогне што побрзо да го заборавите напорниот ден. Научно е докажано дека камилицата го победува стресот, па затоа секој ден пијте по една шолја чај од камилица.

Лаванда – Листовите од лаванда додадени во вашиот омилен чај ќе ви помогнат да го смирите духот и телото.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…