Најлошите грешки при користење тампони

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Весна

При користење на тампоните често се прават грешки за кои не сме ни свесни, а истите можат да го загрозат здравјето. Дознајте кои се и избегнувајте ги!

1. Ги миете рацете само по ставање на тампонот. Но, рацете е неопходно да ги измиете и пред ставање на тампонот, за да спречите во вагината да навлезат несакани бактерии.

2. Не го ставате тампонот доволно длабоко. Како би знаеле дали тампонот ви е ставен доволно длабоко? Истито треба да не го ни чувствувате дека е во вас. Доколку е ставен премногу плитко, ќе ви пречи и ќе ви предизвикува чувство на непријатност.

3. Користите само една големина на тампони. За деновите кога менструацијата е посилна, треба да користите поголеми тампони кои впиваат повеќе, а штом стане послаба, треба да користите помали тампони кои впиваат помалку течност.

4. Не ги менувате тампоните доволно често. И тогаш кога менструацијата е слаба, тампонот треба да се менува на секои 4-5 часа. На тој начин ќе го спречите развојот на бактерии.

5. Користите тампони кога имате исцедок. Средината на циклусот се карактеризира со засилен исцедок, но за истиот не смеете да користите тампон бидејќи можете да ја промените природната киселост на вагината, што пак може да предизвика воспаление.

6. Носите тампон ден пред и ден после менструацијата. Ова можеби го правите заради претпазливост, но користењето на тампони не се препорачува кога вагината е сува.

7. Не го менувате тампонот после нужда. Тампоните не мора да ги менувате после секоја мала нужда, но после три или четири задолжително ставете нов. Исто така, менувајте го секогаш после вршење на голема нужда за да го спречите навлегувањето на бактерии во вагината.

8. Не го менувате тампонот после пливање. Без оглед на тоа дали се капете или пливате во базен, река, езеро или море, тампонот треба да го замените со нов веднаш штом излезете од водата. Конецот натопен со хлор, солена или речна вода, може да предизвика иритација на кожата

9. Ги чувате тампоните на место каде што прска вода. Избегнувајте да ги чувате тампоните во близина на тушот или чешмата за да не ги натопите со вода. Доколку ги држите на суво, ладно и затворено место, подолго време ќе останат суви и свежи.

10. Користите миризливи тампони. Доколку имате чувствителна вагина, изнегнувајте користење на миризливи тампони, бидејќи тие може да предизвикаат иритација на кожата и сврбеж.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…