Најчести причини за губење на косата

Иако губењето на косата не го загрозува животот, ниту пак неговите витални фуккции, сепак човечкиот род е мошне заинтересиран за изгледот, обемот и за квалитетот на косата. Појавата на губење на косата за многу мажи претставува тежок удар врз нивната машкост, но и за жените е подеднакво трауматично искуство. Не е зачудувачки фактот дека косата била објект и култ на почитување уште од најстарите времиња, па да разгледаме нешто повече околу тоа кои се сметаат за најчести причини за губење на косата.

Физиолошки, секојдневно од косата паѓааат 50-80 влакна кои се заменуваат со нови. Најчесто во есен таа започнува поинтензивно да паѓа, но косопадот може да е поттикнат и од некои здравствени проблеми и состојби. Затоа, за овој проблем би требало да се консултирате со вашиот матичен доктор за соодветна терапија. Покрај тоа, можете да го промените и начинот на исхрана и на тој начин да го спречите или пак да го намалите опаѓањето на косата. Во продолжение ви
претставуваме дел од причините кои може да придонесат за опаѓање на косата.

БРЕМЕНОСТ

За време на бременоста женското тело претрпува низа на промени. Па така, покрај вообичаените проблеми кои се нормални во бременоста може да дојде и до кршливи нокти, сува кожа и опаѓање на косата. Овој проблем може да се редуцира со соодветна витаминска терапија која ќе ви ја препорача вашиот матичен доктор или пак со консумација на храна богата со витамини, минерали и здрави масти како што се јаткастите плодови и лососот.

ГЕНИ

Доколку некој во вашето семејство има проблем со ќелавост и опаѓање на косата, има голема шанса и вие да го наследите истиот проблем. Но сепак, луѓето кои патат од генетско губење на косата, доколку навреме станат свесни за својот проблем и соодветно ги променат лошите навики кои водат до губење на косата можат во голема мера да ја зачуваат косата што подолго. Исто така, денес постојат третмани кои можат да помогнат да се третира ќелавоста. При оваа постапка се инјектира
плазма богата со тромбоцити во скалпот, така што се зголемува протокот на крв кој го промовира растотот на нова коса. Ова е сепак прашање на личен избор и сите го доживуваме различно.

НАЧИНОТ НА КОЈ ЈА СТИЛИЗИРАТЕ ВАШАТА КОСА

Доколку постојано ја носите вашата коса на ист начин, употребувате пречесто пегла, фигаро или фен, или пак хемиски средства за нејзина стилизација, сето тоа тоа може да биде причина за појава на алопеција. Доколку се пронајдовте во оваа група на луѓе кои ја губат косата поради овие причини обидете се косата да ја врзувате полабаво или барем да ја врзувате на разлилен начин или да не ја пеглате и виткате секој ден. Исто така, кога е топло времето обидете се да ја намалите
употребата на фен и да ја сушите косата на природен начин.

СТРЕСНИ И ТРАУМАТИЧНИ СИТУАЦИИ

Кај некои луѓе после преживувањето на некаква траума или шок, се јавува губење на косата. Губењето на косата поради траума или стрес се нарекува „Telogen Effuvium или телoгеничен ефлувиум “. Причинители на вакви трауми може да бидат раѓање, сообраќајна несреќа, тешка болест, срцев удар или пак смрт на блиски роднини. Опаѓањето најчесто почнува од два до три месеци по стресната состојба.

ХОРМОНСКИ ДИСБАЛАНС

Кога забележувате опаѓање на влакната од оние предели на телото каде што сакате да растат, а се појавуваат онаму каде што не им е место, веројатно се појавил хормонски дисбаланс. Во вакви случаеви најдобро би било да се консултирате со вашиот доктор кој ќе ви препише соодветна терапија во зависност од тоа за кој хормон станува збор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk