На детето треба да му се даде можнос да избира, но да се знае кога и како

Објавено на: Apr 21, 2017 од Мама Силвана

За развој на детето и самостојно донесување на одлуки, чувство на самоконтрола и самодоверба кои одат рака под рака со самостојноста се важни за време на растењето на децата.Родителите треба да создаваат ситуации во кои децата ќе имаат можност да прават избори.

На тој начин кај детето потикнуваат освестување за неговите реални желби, го поттикнуваат да ги изнесува, отворено да го искажува своето мислење, но развиваат и чувство на одговорност за она што детето го избрало.

Кога детето е мало, тоа би значело да се преземе одговорност за играчката, подоцна за оценките, за избор на понатамошно школување, работа, партнер.

Ако за детето секогаш одлучуваат родителите и наместо него го прават она што и само може, така го учат секогаш да се потпира на други.

Од друга страна ако му дадат преголем избор за негова возраст, ќе развијат очекување дека секогаш ќе го добие она што го сака.Д а му се даде избор на детето најмногу се однесува на секојдневниот, долготраен начин на комуникација со детето со цел и родителите да имаат доверба во тоа што го работи и зборува.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…