На жените во долга врска брзо им здодева сексот

На жените кои се во долги врски не им е премногу до секс, за разлика од оние кои се во пократки врски. Интересно е дека резултатите од студијата не покажуваат исто кога мажите се во прашање, нивниот интерес за секс со иста жена не се менува со тек на времето.

Во студијата на Универзитетот Саутемптин учествувале 11.508 учесници, а резултатите покажуваат дека 34 проценти од жените го губат интересот за секс по една година врска во однос на само 15 отсто од мажите.

„Нашите сознанија се обидуваат да продрат малку подлабоко во тематиката и да одговорат на прашањето зошто жените губат интерес за секс во долга врска. Посебни затоа што за жените квалитетот и должината на врската, но и комуникацијата со партнерот е пресудна за сексуален интерес“ вели професорката Синтија Грејем.

Во студијата учествувале 6.669 жени и 4.839 мажи кои имале само еден сексуален партнер во претходните 12 години.

Интересно е што на жените им било полесно да зборуваат за секс отколку на мажите.

Студијата покажала дека најнезадоволни од сексуалниот живот се жените во средни години, а како најголем убиец на страстите во бракј се децата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk