На колку степени би требало да спиете

Дали сакате конечно да спиете длабоко и беспрекорно? Во зима ја зголемувате температурата на парното, а во топлите месеци се обидувате да ја изладите спалната соба колку што е можно повеќе. Не правете екстремни промени, бидејќи тоа сериозно може да влијае на вашиот сон.

Според здравствените експерти, идеалната температура за квалитетен сон е помеѓу 15,5 и 19,5 ° C .

Кога ќе легнете во креветот и се обидувате да заспиете, вашата телесна температура се намалува за да го олесни процесот. Ако вашата соба е многу жешка или ладна тоа може да доведе до вознемиреност и да влијае на квалитетот на сонот, особено во REM фазата на спиење. Во текот на оваа фаза постои силна активност на мозокот и често сонувате.

Постојат спонтани брзи движења на очите и минимално движење на телото. Вообичаено е тешко да се разбудите во овој период.

За мирен и квалитетен сон, можете да се прилагодите со ставање чорапи или термофор со топла вода на нозете. Ова ќе помогне да ги заштитите вашите екстремитети од студ и да ја зголемите циркулацијата во нив.

Во просторијата каде спие вашето бебе температурата треба да биде поголема – помеѓу 19,5 и 22° C . Бебето треба да биде добро завиткано и температурата во просторијата не треба да се менува преку ноќ.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk