На кој начин спиралата не заштитува од несакана бременост

Спиралата е мала пластична или бакарна направа која се поставува во матката и со тенки нитни е поврзана со врвот на вагината.

Целта на поставувањето на спиралата е да спречи несакана бременост на тој начин што ќе го блокира протокот на спермата, а истовремено ќе го успори движењето на јајце клетката низ јајцеводот, со што ќе се спречи можната импантација на ембрионот во матката.

Иако се смета за реалтивно сигурен метод на подолготрајна контрацепција, спиралата има неколку недостатоци.

Имено, при поставувањето може да дојде до појава на помали инфекции.

Како недостаток се смета и фактот дека е можно помрдување од местото каде е лоцирана може да се намали нејзината ефикасност.  Исто така, во праксата многу жени се жалат дека по вметнувањето на спирала, менструалното крварење е пообилно или поболно од вообичаеното.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk