На одмор во септември е добра одлука

Одење на одмор во септември и не е толку лоша одлука бидејќи се избегнуваат гужвите, а и сонцето не е толку силно. Но сепак, послабото септемвриско сонце не треба да ве залажува, УВ индексот и понатаму е висок па сонцето навистина може да биде опасно.

И понатаму избегнувајте го сонцето од 10 до 17 часот, бебето нека биде во природна сенка кога можете, користете капче и лесна памучна облека. Кога сте на соцне намачкајте го бебето со заштитен фактор.

Не го облекувајте премногу, бидејќи иако септември е поладен од јули и август се уште е топло. И во септември на бебето му треба повеќе вода бидејќи се поти. Доколку патувате во странство понесете вода од овде, односно на онаа на кое е навикнато.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk