На природен начин зголемете ги шансите за забременување

Што би требало да се земе за да дејствува системски на сите причинители на неплодноста.

За почеток на курата на лекување на неплодност пробајте:

40 суви смокви потопете во пола литар маслиново масло и оставете тоа да стои 40 дена. Потоа, секое утро јадете по една смоква и лажичка од тоа масло, а истовремено почнете и со кура со чај од Мацина трева (Marrubium vulgare) позната и под името Очајница. Оваа билка отсекогаш се користела за лекување на женската неплодност. Основата на нејзиното дејство е што помага да се нормализира лачењето на половите хормони и урамнотежување на хормоналниот циклус кој е предуслов за уредна бременост.

Од истите причини помага и при менструални проблеми и кај голем број на женски болести. Некои тврдат дека помага и при затнати јајцеводи.

Курата со чајот од мацина трева трае 40 дена, три шолји дневно пие жената, а 1 шолја мажот. Чајот не се пие за време на менструалниот циклус.

Што друго треба да консумира жената која сака да забремени:

Мултивитамин

Витамин Ц 500 мг секој ден

Матична млеч (секој ден, од првиот до последниот ден од циклусот а ако забележите дека циклусот ви се скратил, земајте го во помала количина, само неколку дена во месецот затоа што кај жените кои имаат нормални циклуси матичната млеч може да поттикне преголемо лачење на полови хормони и да ја забрза овулацијата)
Семки од тиква и сончоглед, незасолени и непржени, по една лажица секој ден во текот на целиот циклус. Семките се многу битни за жени постари од 35 години затоа што овие семки го подобруваат квалитетот на јајце клетките, но се добри и за помладите жени.

За подобрување на плодната цервикална слуз:

Пет дена пред очекуваната овулација (9. или 10. ден од циклусот) направете кура со лук, најдобро со капсули кај кои е изолиран мирисот. Земајте два дена 3 пати на ден по 3 капсули. Тоа е добро за создавање плодна цервикална слуз и лекување на евентуалните воспаленија кои не сте ги забележале.

Покрај наведеното, добро е жената од 5.до 15.ден од циклусот да зема масло од јаглика, а од 7.до 21.ден од циклусот по лажица алое вера разредена во вода, три пати на ден. Алое вера никако не земајте после 21.ден од циклусот затоа што може да предизвика абортус доколку случајно дошло до бременост. Подобро е да се зема еден ден пократко, отколку еден ден подолго. Освен на зголемување на плодната слуз, алое верата делува и на многу други проблеми со неплодноста, а особено помага доколку во матката постојат некои израстоци, ранички, полипи или слично. Затоа што „исфрла“ се што е вишок од матката и јајцеводот не смее да се зема во текот на бременоста затоа што така може да делува и на плодот.

Дополнително, оние кои имаат проблем со полицистични јајници (но не им е на штета ниту на другите жени), можат да земаат:

Една чаша вода во која е помешана лажица мед со многу малку цимет.
1 ред црно чоколадо секој трет ден во текот на целиот циклус.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk