На чантите кои ги носиме секојдневно имаат најмногу бактерии

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаускипинг“, во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка.

Меѓу нив се и четкицата за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата.

– Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност, се вели во студијата.

На четкицата за заби се собираат бактерии од устата на човекот кој ја употребува, но и од ВЦ-школката во близина и водухот што струи. За да се спречи ширењето бактерии, експертите препорачуваат редовно пуштање вода и секогаш да го спуштаме капакот на тоалетната школка.

„Магнет“ за бактерии се и тастатурата, екранот, кујнските крпи и сунѓери, милениците, теписите… Тука се вбројува и чантата, која жените честопати ја спуштаат на под, без разлика каде во моментот се наоѓаат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk