На што треба да водите сметка кога купувате сликовница

Објавено на: Oct 11, 2015 од Мама Силвана
9f9344ebeed97ebcfc2d1cb535f814b9

Сликовницата мора да биде од едукативен карактер. Родителите најчесто грешат бидејќи купуваат многу шарени сликовници, оние кои нам ни се допаѓаат и не размислуваат дека не ги купуваат за себе, туку за детето.

Се препорачува, првите сликовници кои ги купувате да бидат со содржини за здравјето и деловите на телото.

Битно е да бидат во тврд повез, листовите да се од картон, а рабовите на книгите да се заоблени.

Дете меѓу 10 и 12 месеци допрва развива моторика и нема добро развиена координација на движењата, па се уште не знае да ја листа книгата.

Затоа е важно корицата да биде дебела, бидејќи во спротива ќе ги искине листовите и ќе завршат во уста.

Задолжително книгата нека биде од еколошки материјал со ознака ЦЕ или било кој друг доказ дека материјалот не е токсичен. Ова е важно, бидејќи малите децата сакаат се да ставаат во уста.

Гледајте цртежите да бидат со што помалку детали, бидејќи децата на таа возраст не можат да запамтат што им се прикажува. Многу родители мислат дека шарената сликовница е подобра од поедноставните. Детето во тој период може да се фокусира на две до три работи.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…