Нега на бебешката кожа

Нежната бебешка кожа со чувствителниот заштитен хидролипиден слој на неа е многу лесно подложна на иритација. Затоа е потребно внимателно негување со внимателно одбрани производи за нега на кожата.
Најдобар избор за бебешката кожа се неутралните сапуни без боја и мирис. Сепак, честата употреба на сапуните може да предизвика уништување на тој заштитен хидролипитен слој на кожата кај бебето.

Специјалните шампони и пенливи купки за бебиња се одличен избор, бидејќи не само што не предизвикуваат иритација на кожата туку и поради тоа што најчесто во нивниот состав се наоѓаат екстракти од прирони билни препарати кои дополнително за заштитуваат кожата. Секогаш внимавајте тие да бидат ПХ неутрални и не ги користете секојдневно. Ако сепак сакате секојдневно да го бањате бебето направете го тоа само со топла вода.

Лосионите за чистење на бебешката кожа се исто така добредојдени. Освен што ја чистат тие ја хидрираат кожата и ги спречуваат воспалителните процеси.

Откако е добро исчистена бебешката кожа треба да се намачка со крема. Подебел слој од неа пожелно е да се нанесе на пределот во пеленската регија, под вратчето и под пазувите. На лицето и останатите делови од телото доволен е само тенок слој крема.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk