Нега на перинеумот по породувањето

Одржувањето на хигиена на перинеумот ( ткивото помеѓу вагината и ректумот ) е од особена важност за побрзо заздравување на раната и елиминирање на ризикот за појава на инфекции.
Редовно мијте ги рацете пред секое менување на влошката. Кога ќе одите во тоалет секогаш бришете се во правец од напред кон назад.
Секојдневно измивајте се со млака вода. Доколку инсистирате да користите сапун тогаш тогаш тој треба да биде пх неутрален, без боја и без мирис. По измивањето внимавајте добро да ја исушите таа регија.

Ако во текот на породувањето е изведена епизотомија, конците најчесто ги апсорбира телото, а местата на кои тие постоеле избледуваат по две- три недели.

Ладните облоги значително можат да го намалат чувството на непријатност во регијата на перинеумот. Во текот на туширањето наизменичното измивање со топла и со ладна вода може да предизвика пријатно и олеснувачко чувство.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk