Негувајте ги испуканите врвови на косата со кокосово масло

Кокосовото масло кое плени со својот специфичен мирис е одлично природно средство за хидратација на сувата и оштетена коса особено кога ќе се најде во комбинација со маслиново масло.

Негувајте ги испуканите врвови на косата со мешавина од овие две масла. Смесата пригответе ја според потребата ( должината на косата ) но внимавајте соодносот да биде 2:1 во корист на кокосовото масло.

Мешавината од масла нанесете ја внимателно на косата  фокусирајќи се на краевите. Оставете да делува околу половина час, а потоа темелно измијте ја косата со благ шампон.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk