Недела е најлош ден за диета

Деновите од викендот се најнеподносливи за држење диета, а најголема веројатност дека ќе попуштите е во недела и тоа помеѓу 19 и 22 часот.

Во истражување за прехранбените навики, кое е спроведен од производителот на диететскиот производ Forza, дури половина од испитаниците признале дека најранливи се во недела навечер, т.е тогаш постои најголема шанса да посегнат по грициките и слатките.

Друга опасна зона за оние кои држат диете е кризното попладен т.е периодот помеѓу 15 и 17 часот. На трето место е доцното попладен околу 17 до 19 часот.

Што се однесува до денот, не е изненадување што тоа е викндот, кога обично се јаде повеќе одколку во работните денови.

Но и понеделникот не е баш најсреќен, бидејќи дури 12 проценти од испитаниците би посегнале по грицки, за да се утешат поради почетокот на работната недела.

Покрај тоа, резултатите покажале дека поголемиот дел од испитаниците, најголема количина храна јадат за време на ручекот, откако ќе се вратат од работа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk