Неколку причини да станете татко

Последните студии кои беа направени во Велика Британија покажуваат дека родителите се посреќни, позадоволни и емотивно стабилни отколку оние кои немаат деца во својот дом.

Исто така, децата се магнет за спротивниот пол.

Додека сите предупредуваат дека женскиот биолошки часовник отчукува, машките за тоа воопшто не размислуваат. Сепак, постојат шест практични причини поради кои сепак треба да посакате да станете татко.

Покрај тоа што луѓето полесно ќе ви го дадат својот ред додека чекате, последните студии кои беа направени во Велика Британија покажаа дека родителите се посреќни, позадоволни и емотивно постабилни во однос на оние кои немаат деца во својот дом. Исто така децата се магнет за спротивниот пол. Жените реагираат на татковската грижа и внимание, па додека се шетате со вашето дете во парк, сигурно некоја ќе се потруди да започне разговор.

Секогаш имајте на ум дека едно слатко дете ќе допринесе за повеќе женски воздишки отколку некој добар автомобил. Децата секогаш можете да ги користите како алиби, односно згоден начин да се извлечете од некој настан за кој немате некоја посебна желба да присуствувате.

Исто така, децата влијаат на вашата самодоверба и тоа поради две причини. Првата причина е тоа што вашиот татко сега ќе ве гледа како вистински маж, човек кој станал одговорен. Другата причина е што вашите деца ќе ве потсетат дека треба да застанете и земете воздух. Ќе сакаат да легнете со нив во тревата и да ги гледате облаците како се движат по хоризонтот. Вие можеби имате заборавено како да уживате во живото, а баш вашите деца ќе ве вратат во детството.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk