Ненавременото лекување на вагиналните бактериски воспалувања може да предизвика проблем со зачнување

 

Хроничното брактериско воспалување на гениталните органи кај жената, доколку навремено не се лекуваат можат да предизвикаат стеснување на јајцеводите и проблем со зачнувањето.

Бактериите кламидија, микроплазма и уреоплазма се најчести причинители на овие воспалувања. Докажано е дека секоја втора жена и секој трет маж асимтоматски ги пренесуваат овие бактерии, особено кламидијата. Според здравствените статискички податоци, една од десет сексуално активни жени била некогаш инфицирана од некоја од овие три бактерии. Инфекцијата која што опстојува тивко во женскиот организам без појава на одредени симптоми се активира при пад на имунитетот, поради стрес и сл.

Тивкото присуство на инфекцијата во организмот може да предизвика воспалување на цервиксот, јајниците па дури и да предизвика стерилитет.

Стерилитетот може да биде предизвикан на тој начин што бактериите продираат низ вагината кон грлото на матката и горните делови од гениталните органи правејќи стеснување на јајцеводите. Овој процес може да трае со недели или месеци, а се завршува со создавање на ткиво кое наликува на лузна на кожата. Тоа ткиво на јајцеводите прави стеснување на каналот што претставува директна потешкотија односно неможност од забременување.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk