Неправилното прифаќање на дојката води до помалку млеко во устата на бебето

Бебето кое добро ја прифаќа дојката добива повеќе млеко од она бебе кое има неправилен прифат на брадавицата.
Во тој случај, кога постои неправилност во прифаќањето на брадавицата бебето добива доволно млеко само ако дотокот на млеко е брз и силен.

Кога мајката произведува млеко во изобилство многу често не се чувствува проблемот со лошото прифаќање на брадавицата. Но, мајката може да ја плати цената на овој проблем со оштетување на брадавиците, појава на чести колики кај бебињата и бебе кое постојано бара да се дои.

Во првите три до шест седмици од животот бебињата често заспиваат на дојката, но не само кога ќе се надојат во целост, туку и кога протокот на млеко е слаб а тие малку заситени немаат желба да повлекуваат повеќе.

По овој период бебињата обично ја испуштаат дојката кога дотокот на млеко е слаб.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk