Неутрализирајте го мирисот на лукот за минута

Сте  уживале во некое превкусно јадење богато со лук, а веќе во наредниот момент треба да се видите со некоја „важна“ личност.

Без грижа, постојат два едноставни начини брзо и ефикасно да се ослободите од непријатниот мирис на лукот во вашата уста.

Еден начин да го постигнете тоа е да уживате во вкусот на домашно подготвената лимонада. Исто така можете да се послужите и со портокал  и јаболко. Токму лимонската киселина кога потекнува од овие плодови го неутрализира мирисот и ја намалува активноста на бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.

Втората исто така ефикасна варијанта се млекото и јогуртот. Една полна чаша од овие два напитоци и за момент ќе почувствувате дека мирисот од лукот го снемува.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk