Не го фотографирајте бебето со блиц

Кога се бебињата во прашање веројатно сте приметиле како трепкаат кога е вклучен блицот.

Иако знаеме дека неможете да одолеете а да не го фотографирате тоа слатко суштество, ќе мора да се воздржите од блицот, затоа што бебињата неможат сами да се сокријат од блесокот на фотоапаратот. Доколку неможете да го фотографирате бебето без блиц, тогаш треба да превземете мерки на претпазливост. Пронајдовме неколку совети како вие да го заштитите вашето бебе од блицот и преинтензивното изложување на светлата од апаратот.

1. Кога фотографирате бебе, тргнете го апаратот најмалку метар од бебето.

2. Јачината на блицот да биде сведена на минимум

3. Доколку имате можност исклучете го блицот или насочете го кон нешто друго, а не во лицето на бебето.

Доколку не сте ги превземале овие мерки за време на првото фотографирање, не грижете се. Ризикот да се оштетени очите на бебето се премногу мали.

Ушивајте во вашето бебе и настојувајте и покрај обврските кои ги имате околу него да ги документирате првите денови од животот, затоа што подоцна заедно ќе ги прегледувате албумите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk