Не дозволувајте децата да бидат пасивни пушачи

 

Концентрацијата на штетни материи од цигарите не се дел само од димот од цигарата, туку долгорочно тие се таложат и на мебелот, завесите, теписите и сл.
Токму поради оваа причина апсолутно е недозволиво пушење во затворени простории каде што престојуваат деца.

Кога децата се во улога на пасивни пушачи тие го вдишуваат тн. спореден чад кој е полн со амонијак, бензол и кадмил.

Децата кои редовно го вдишуваат тој дим се изложени на значително зголемен ризик по своето здравје, пред се од тн. типични болести на пушачите ( кашлица, болка во грлото, вртоглавица, мачнини, надразнување на очите и носот и сл. )

Многу досегашни истражувања докажале дека честата изложеност на дим од цигарите значително ги зголемува инфекциите на средното уво кај децата, болести на белите дробови и крвните садови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk