Не дозволувајте свекрвата да се меша во вашиот брак

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Весна

Можеби таа знае повеќе за воспитување на децата, хранење, чистење на куќата, но вие морате сами да откриете што е најдобро за вашето семејство.

Ова не е време кога ќе ја обвинувате свекрвата за сето она што се случува во вашиот живот. Важно е се да кажете отворено и сите нерешени прашања да се разјаснат.

Психологот и семеен советник Тери Аптер, вели дека најважно е да кажете се што изскрено ви пречи – во однос на неговото семејство. Ако на друг начин го готвите јадењето, а свекрвата смета дека нејзиниот начин е поздрав, кажете дека не се согласувате со тоа и дека таквите коментари се непотребни. Пред налутено да и го кажете вашето мислење, не заборавајте дека можеби таа воопшто не е свесна за своите постапки.

Постојаните прашања за тоа кога ќе добиете деца можеби многу ве нервираат, но обидете се да сфатите дека тие многу се радуваат за улогите баба и дедо. Тука не можете ништо и не се нервирајте, само кажете дека сте запознаени со нивната желба.

Понекогаш мајките ги третираат своите деца како да се сеуште мали, дури и кога се иселиле и имаат свое семејство. Во тој сучај веројатно ви пречи тоа што свекрвата го кани сопругот на ручек иако знае дека штотуку сте ручале.

Проблемите најчесто се јавуваат кога една личност е многу наметлива, а другата осетлива. Значи, на повеќето жени им пречи кога свекрвите премногу ги разгалуваат своите синови. Без оглед на тоа што свекрвата можеби претерува. Размислете зошто тоа толку ви пречи и се чувствувате загрозени поради тоа? Тој став може да го изгубите ако сфатите дека свекрвата се плаши од губење на односите и поврзаноста со својот син, па понекогаш претерува.

Ако вашите и неговите родители не се согласуваат, не форсирајте заеднички собири и дружење. Секој нека поразговара со своите родители – кажете им дека го разбирате тоа дека тие никогаш нема да бидат добри пријатели, но и дека тоа не е никаков проблем. Без оглед на тоа што тие не се согласуваат, може да бидат доволно цивилизирани во ситуациите кога мораат да се сретнат.

Ако свекрвата постојано за нешто ве советува, знајте дека тиа се неизбежни, само е прашање колку се чести и колку можат да ви користат. На секој совет може да одговорите: “Ви благодарам, добра идеја”.

Бабите и дедовците често не ги почитуваат поставените правила за воспитување на децата и тука најчесто се случуваат непријатни ситуации. Ако не ги почитуваат вашите правила и поинаку ги третираат децата, свекорот и свекрвата или вашите родители испраќаат порака дека знаат подобро, а тоа го поткопува вашиот авторитет. Можеби ќе ве послушаат ако детално им објасните зошто постојат правила и на кој начин се најдобри за децата. Во фокус ставете го интересот и грижата за децата.

Уште еден чест проблем е договорот кај кого ќе ги поминете празниците. Договорете се со сопругот и едноставно започнете со своите обичаи, па ниедна страна нема да се налути ако одлучите да останете дома за празникот. Ако одлучите да се соберете во својата куќа, без грижа на совест поставете свои услови.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…