Не им давајте антибиотик на децата во превентивни цели

Превентивното давање на антибиотик кај децата при првите знаци на настинка во никој случај не е препорачлива постапка.
АНТИБИОТИКОТ НИКОГАШ НЕ СЕ ДАВА ПРЕВЕНТИВНО!

Причината за тоа е едноставна: превентивното користење на антибиотик не решава никаков здравствен проблем. Детето можеби ќе се извлече од инфекцијата но кога ќе се најде во колективно здружување тоа повторно ќе ја има бактеријата во себе и тоа за многу кратко време. Истворемено треба да се има во предвид дека не секоја бактерија реагира на секој антибиотик ( за тоа се потребни дополнителни лабораториски анализи ).

Доколку заболувањето е од вирусен карактер антибиотикот е непотребен.

Ако на детето му се даде превентивен антибиотик во случај на постоење на стептококата pneumoniae, односно пнеумокока, тој вид на бактерија по неколку средби со истиот антибиотик станува се поотпорна на неговото дејство.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk