Не мора да се фрлаат пари на скапи играчки

Објавено на: Sep 30, 2015 од Мама Силвана

Не мора да потрошите богатство на играчки, за вашето дете да ужива и да биде креативно. Еве неколку интересни и лесни начини да ги претворите предметите од дома во играчки.

Што е во кутијата?

Понекогаш не е забавно она што е во кутијата туку таа самата. Пред да ја фрлите, размислете за креативните игри кои може да се обезбедат. Погодни се за ползење низ нив, седење или цртање по нив, седење или цртање по нив, правење различни предмети. Децата обожаваат големи картонски кутии од кои можат да се направат куќи.

Ролни за забава

Картонските ролни од тоалетна хартија или фолија може да бидат забавни за најмладите. Децата можат да ги тркалаат работите преку нив, а подолгите ролни можат да бидат одлични мечеви и телескопи.

Стара хартија

Старата хартија искористете ја за да се направат капи, цветови, авиони, бродчиња. Направете фигури и изненадете ги децата.

Пат со пречки

На детето направете му авантура со пречки, во двор или дома. Нека се качуваат на перници, ползат под маси и столици, низ кутии, скокаат по обележани полиња и одржуваат рамнотежа на клупа.

Куќичка

Дајте му на детето задача да направи куќа, така што ќе состават од мебел и да се прекрие со ќебиња и чаршави. Елементите можат да се осмислат од перници и садови. Водете сметка само „градежништвото“ да биде стабилно и безбедно.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…