Не плашете се од мачнини во бременоста

Иако повеќето жени кои ги искусиле мачнините за време на бременоста не би се сложиле, научниците нѐ уверуваат дека класичната трудничка мачнина всушност не е воопшто лоша.
Мачнината е еден од најлошите симптоми на бременоста, а со тоа ќе се согласат сите жени кои ја искусиле, а станува збор за многу голем број на жени, со оглед на тоа што речиси 90 отсто од трудниците доживуваат мачнини во некој облик и во некој период од бременоста.
Мачнината обично трае првите неколку месеци, некои жени имаат благи мачнини без повраќање, а за некои, ВЦ шолјата е за жал, нивниот нов пријател за време на првото тримесечје. За некои не завршува дури ни тогаш туку знае да потрае и во текот на целата бременост. И секако, иако ги нарекуваме утрински мачнини, тие знаат да траат и по цели денови.
Во секој случај – тоа е апсолутно најлош труднички симптом, а научниците нѐ тешат со резултатите од своите истражувања кои велат дека мачнините се добар предзнак, како гаранција дека ризиците за спонтан се многу мали.
Истражувањето ја открило врската такашто биле следени состојбите на 797 трудници кои пред таа бременост имале спонтани абортуси со еден или повеќе плодови.
Трудниците воделе дневник за својата состојба, од втората до осмата недела од бременоста, па целиот следен месец ги споредувале со сеќавањата на оние претходни бремености, со цел научниците да можат да го измерат ризикот од можен повторен абортус. Резултатите покажале дека токму оние трудници кои сега доживувале и мачнини, имале од 50 до 75 отсто помал ризик од абортус.
Ако сте една од оние која на секој мирис трча во купатило, знајте дека освен што не сте единствени, стои и нешто убаво зад тоа грозно чувство. Тоа и, се разбира, бебето што расте во вас.
И тоа нека ви биде мотивација да издржите.
Секако, како што стои во резултатите од истражувањето, тоа не значи дека жените кои немаат такви симптоми се поподложни на абортуси. Бременостите се едноставно толку индивидуални и многу жени воопшто не чувствуваат никакви симптоми.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk