Не се воздржувајте од кивање-штетата може да биде голема

 

Додека киваме, воздухот низ ноздрите понекогаш излетува со брзина и до 160 километри на час. Ако се обидеме да го сопреме кивањето, целиот тој пририсок ќе се префрли врз некој друг дел од нашето тело.
Без разлика на начинот на кивање кој што ќе го одберете во согласност со околината во која што се наоѓате-никогаш не се воздржувајте од кивање. Ако сте во порелаксирана атмосфера кивнете слободно и гласно, ако сте во ситуација како што е на пример деловен состанок или слично направете го тоа пригушено, секако покривајќи ја устата-но во секој случај направете го.

Забележани се случаи каде поради воздржување од кивање тој притисок што го создава воздухот преминува во ушите каде остава сериозни последици, како што е пукање на ушното тапанче. Од овој притисок може да настрадаат и очните капилари кои што можат да пукнат, а се случува и да настанат соодветни оштетувања на дијафрагмата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk