Не се препорачува престој во сауна за време на бременоста

И покрај многуте досегашни истражувања спроведени на оваа тема, не постојат конкретни докази на кој начин топлината што влијае врз телото на жената од надворешната околина влијае врз формирањето на женските јајце клетки, а со тоа и како таа директно влијае врз можноста за забременување.

Сепак, докажано е дека долгиот престој во базени и кади со претопла вода како и престојот во сауни  не се препорачуват за време на бременоста.

Некои студии покажуваат дека зголемувањето на телесната температура кај жената во почетокот на бременоста кое се случува поради надворешни фактори може да го зголеми ризикот од појава на дефектолошки промени во развојот на фетусот.

Според една медицинска студија од 2003 година кај жените кои што користат топли кади во почетокот на бременоста се зголемува ризикот за спонтан абортус дури за два пати .

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk