Не треба да се срамите ако детето плаче на јавно место, останете прибрани

Кога бебето ќе почне да плаче на јавно место, родителите ги фаќа паника и на детето дополнително му пренесуваат негативна енергија со што тоа станува уште пораздразливо.

Во тој случај, наместо родителите да го смират бебето тие почнуваат да бидат хистерични, се вознемируваат поради погледите и реакциите на луѓето во опкружувањето и само ја отежнуваат ситуацијата.

Тоа се случува затоа што им е срам што е сосема погрешно. Советот е мајките да се концентрираат на своите деца а не на околината, така што бебињата ќе почувствуваат мир и позитивна енергија и брзо ќе се смират.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk