Не чекајте среќата да ве пронајде, зграбете ја

 

Гречен Рубин, авторката на бестселерот “Проект на среќата”, која се чини е во вечна потрага по честичките на среќата, ни предлага неколку совети кои би ни помогнале нашиот личен живот да го претвориме во мал рај.
-Овозможете си добар сон. За да го постигнете тоа минимум еден час пред да заминете на спиење не правете ништо што од вас бара вложување на ментален напор.Важно е да се отпуштите, сонот природно ќе дојде.
– Дозволете си да бидете опкружени со убави мириси. Гречен смета дека никогаш не треба да се потцени моќта на аромотерапијата.
– Создајте си свој мини храм. Одделете едно катче од домот каде што ќе ги наредите само оние работи во кои што посебно уживате, вашите омилени слики, книги, цд..Понекогаш одвојте малку време за себе и препуштете се на позитивните емоции што зрачат од тој ваш мал храм.
– Прифатете се самите себе онакви какви што сте. Прифатете го фактот дека сте несовршена личност која што има и позитивни страни и маани истовремено. Вие сте тие што сте, зашто да се измачувате и да бидете несреќни трудејќи се да бидете некој што не сте. Најважно од се е да се откажувате од потрагата по најдобрата верзија од себе.
– Не ја штедете љубезноста и топлината. Давајте љубов и само набљудувајте какво чудо се случува насекаде околу вас.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk