Низ забава и игра развивајте ја фината моторика на детето

Фината моторика е способност да се прават прецизни и мали движења со одржување на добра координација помеѓу прстите и окото.
Фината моторика се развива паралелно со развојот на детето, започнувајќи од најраната воздраст кога кај детето се забележуваат неспретни обиди самостојно да користи лажичка и сл па се до моментот кога на пример детето ќе може самостојно и правилно да држи молив или боичка и внимателно да може да напише нешто помеѓу две определени линии.

Започнувајќи од втората година, добредојдено е воведување на бројни активности кај детето кои го поттикнуваат развојот на фината моторика.

Искористете ги ладните денови кои што ни престојат за забавување на вашето дете во домот со игри кои истовремено ќе придонесат за усовршување на неговата фина моторика.
Во продолжение се наведени неколку игри за развиток на фина моторика:

-ставање на стапчиња за уши во одреден сад низ многу мал отвор
– вовлекување на сламки за сок во чаша со мал отвор
– навртување на пластични штрафови
– нижење на монисти или макарони на тенка жица
– лепење на налепници
– закачување штипки на жица
– закопчување и откопчување на копчиња
– собирање на зрна грав од подот ( под строг надзор )
– редење на боцкалки врз табла со дупчиња

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk