Никогаш не заборавајте да пиете вода

Кога сте жедни, тоа значи дека веќе сте благо дехидрирани, односно дека е крајно време да испиете чаша студена вода.
Во спротивно, телото ви се менува на лош и опасен начин.

Што му правите на телото кога не пиете доволно вода?

1. Си го уништувате здравјето

Повеќето компликации во цревата, односно создавањето на камчиња во бубрег, рак на цревата и системот за мокрење, како и помал број на срцеви удари настануваат токму заради дехидратација.

2. Го забавувате метаболизмот

Колку повеќе течности имате во организмот – толку побрзо ви работи метаболизмот и толку побрзо ќе согорувате калории, со што ќе слабеете. Едноставно е.

3. Ја нарушувате концентрацијата

Мозокот на тинејџерите кои не пијат доволно вода буквално се стеснува и намалува, а кога решаваат задачи или проблеми од било кој тип, имаат потреба да користат поголем дел од мозокот.

4. Повеќе јадете

Луѓето кои пред ручекот ќе испијат 2 чаши вода, јадат 70% до 90% помалку калории.

5. Ги размножувате брчките

Доволната хидратација ја обновува кожата, ги пегла веќе настанатите брчки и дава здрав тен. Во спротивно, стареењето се забрзува.

6. Лошо сте расположени

Испитаниците кои не пиеле вода пред вежбањето се чувствуваат многу позаморни, но и пораздразливи, лути, напнати или тажни. Исто е и во било кој дел од денот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk