Нов метод за надминување на дислекцијата кај децата

Објавено на: Dec 31, 2016 од Мама Ане

Пореметувањето на способностите за читање и пишување познат како дислекција, според белгиските научници се јавува поради проблем во координацијата на вкупно 13 регии во мозокот кај детето.

Ова пореметување е карактеристично за сите нивоа на интелегенција, сочувана е општата мозочна способност и сензорната вештина.

Но, поради некои причини, во текот на читањето или пишувањето детето испушта букви или зборови. Од претходно споменатите регии сите се задолжени за препознавање на елементарните звуци освем една која е задолжена за јазикот.

Според белгиските научници, наскоро би можело да им се помогне на децата со дислекција да го надминат тој проблем. Тие велат дека со помош на карактеристичен вид на електростимулација која не е инвазивна ќе може да се воспостави логична поврзаност помеѓу региите во мозокот.

Сепак, за да се утврди точниот начин на делување на електростимулациите и за да оваа терапија се примени во пракса, научниците наведуваат дека се потребни дополнителни истражувања.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…