Облеката која се собрала по перењето може да ја спасите до детски шампон

Доколку вашето омилено парче облека по перењето се собрало, стеснило, не се грижете, малку топла вода и детски шампон ќе го вратат во првобитната состојба.
Наполнете еден пластичен леген со топла вода ( никако врела ). Додајте околу 20 мл. детски шампон. Ставете го парчето облека и оставете го да се накисне добро. По еден час благо исцедете го и ставете го на голем пешкир кој треба да го свиткате во ролна за да се упие водата. Потоа одмотајте го пешкиот и нежно влечете ги краевите од парчето облека кон надвор додека тоа е сеуште мокро.

Оставете го да се исуши без да го превиткувате.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk