Објаснете му на детето зошто учењето е важно и корисно за него

Објавено на: Oct 20, 2016 од Мама Силвана

За детето квалитетно да ги работи домашните задачи и да учи, мода добро да се чувствува и да биде одморено. Ако детето од училиште се вратило тажно и луто, најпрво позборувајте со него и помогнете му да се ослободи од негативни чувства пред да почне со работа.

Исто така дозволете му да се одмори по училиште бидејќи одморен мозок подобро и побрзо работи, а заморно тело му пречи на мозокот во неговата работа.

Многу е важно да му објасните на детето што точно очекувате од него, што се однесува за учењето.

Очекувањата нека бидат доволно високи, но реални имајќи ја предвид способноста на детето.

Објаснете му на детето зошто учењето е важно и корисно за него. Децата баш како и возрасните, подобро работат ако во тоа ја видат смислата.

Пофалете го секој успех на децата, а посебно трудот и напредокот. Важно е детето да е подготвено да вложи напор за да ја реши задачата и дека напредувало, отколку за тоа каква оцена добило.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…