Објаснете му ја на детето важноста од едукацијата и континуираното учење

Од голема важност е децата да сфатат дека учењето може да придонесе тие да се чувствуваат посреќни, исто така како што и во иднина работата би можела да ги прави среќни.

Потрудете се детето да стекне доволно сила и самодоверба самостојно да ги обликува начините на своите делувања и да не се плаши од нови предизвици.

Вештините и особините со кои располага неговата личност негувајте ги и помогнете дополнително да се развијат и зајакнат. На тој начин детето ќе има поголема корист од секоја активност која може да ја преточи во конструктивно делување.

„За да станеш некој треба самостојно да делуваш“- вели една народна поговорка. Но станувањето некој е процес кој се одвива-со учење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk