Оваа есен уживајте во најпопуларниот напиток-чоколадно вино

Со првите ладни денови овозможете си вистинско уживање со овој превкусен напиток кој ги спојува двете состојки со специфичен, неодолив вкус-чоколадото и виното.

 

За да подготвите две шолји од овој напиток потребни ви се следниве производи:

-1,5 шолја млеко

-1 шолја од вашето омилено црвено вино

-1/3 шолја исецкана црна чоколада

Начин на подготовка:

 

Во сад соединете ги млекото и чоколадата и ставете ги на шпорет со средна температура.

Често мешајте додека чоколадата не се растопи убаво, и додека не добиете густо чоколадно млеко.

Во садот ставете го и виното и повторно добро измешајте.

Потоа добиената смеса ставете га во чаши или шолји и уживајте!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk