Ова е најефикасниот начин на чистење на организмот од токсини и метали

Иако против наша волја, секојдневно доаѓаме во контакт со тешките метали кои се наоѓаат насекаде околу нас: во водата, воздухот, храната, средствата за лична хигиена и хигиена во домот. Тоа не е новост. Важно е да се знае дека нив едноставно не можеме да ги избегнеме во целост и дека откако ќе се наталожат во огранизмот можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Повременото чистење на организмот од тешките метали е повеќе од добредојден процес.

Морковот, копривата и плодот од шипка се фантастично трио против тешките метали.
Во поголем сад сипете пет лажици сува издробена коприва, исто толку изрендани свежи моркови и истолчени плодови од шипка.

Состојките прелијте ги со пет литра вода. Загревајте се додека не почне да врие а потоа намалете ја температурата и варете на тивок оган петнаесетина минути.

Тргнете го садот од оган и оставете го да отстои околу три часа. Добро процедете и додајте две лажици мед. Промешајте. Од напитокот пијте четри пати дневно по 100 милилитри, пред јадење се додека не се потроши.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk